| четврток, 6 декември 2018 |

Деби од соништата за Ди Канио, Сандерленд го декласира Њукасл (видео)

Деби од соништата како менаџер на Сандерленд имаше италијанскиот стратег Паоло Ди Канио. Во локалното дерби тој го предводеше тимот за првпат и забележа уверлива победа од 3-0 над Њукасл. Сесењо, Џонсон и Вон, стрелаа прецизно за прва победа во последните 9 кола на популарните „црни мачки“. Ди Канио по многу перипетии и несогласувања со навивачите, сепак беше именуван за тренер на тимот, а дебито беше извонредно. Тој беше на мета на јавноста поради неговите политички погледи. Ди Канио одамна се изјасни како симпатизер на фашистите, а во својата биографија го величаше Бенито Мусолини.


szólj hozzá: Newcastle vs Sunderland 0:3 GOALS HIGHLIGHTS
Во вториот натпревар што се одигра попладнево Манчестер јунајтед го победи Стоук со 2-0, на гостински терен. Карик и Ван Перси од пенал беа прецизни за сигурен триумф на лидерот во Англија.


szólj hozzá: Stoke vs Manchester Utd 0:2 GOALS HIGHLIGHTS

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top