| четврток, 6 декември 2018 |

Одмазда на Спасовски- затоа што го фатија Чауш сега го менува началникот на организиран криминал

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да им се одмаздува на професионалците во МВР кои учествуваа во разоткривањето на „Фабриката за афери“ на СДСМ.

Од свои извори во МВР, КУРИР дознава дека следен на удар е началникот на Одделот за организиран криминал, кој успешно ја организираше акцијата која резултираше со разоткривање на „Фабриката за афери“.

Без согласност на заменик- министерот Митко Чавков, Спасовски потпишал измена на систематизацијата, каде што во Одделот за организиран криминал предвидел заменичко место.

Тоа според познавачите на работите значи вовед во следни разрешувања, а прв кој ќе биде цел на Спасовски е токму началникот на Одделот за организиран криминал.

Одделот за организиран криминал во координација со надлежниот јавен обвинител, не само што успеаја да ја разоткријат фабриката за афери на СДСМ, туку успеаја да одземат бројни докази кои јасно укажуваа на партиската инволвираност на СДСМ во случајот, како и на луѓе од раководството на партијата, меѓу кои и Зоран Заев и Оливер Спасовски кои се фотографираа со осомничените.

Заев неодамна во интервју за „Топ тема“ на Телма призна дека првоосомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш е член на СДСМ.

-Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, рече Заев.

Со своето признание, Заев практично потврди дека човекот кого обвинителството го сомничи дека стоел директно зад аферата со фалсификуваните лични карти всушност е дел од структурите на СДСМ.

Покрај со Заев, осомничените во случајот можеа да се забележат и на фотографии со Спасовски. Тој избега од одговор на прашањата дали се познава со осомничените.

-Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија, и од оваа позиција и од позицијата што претходно ја имав и тоа воопшто не е важно, рече Спасовски.

Во акцијата беа откриени фалсификуваните лични карти што ги објави опозициското гласило „Фокус“, машините на кои се печателе фалсификуваните пасоши, дата база со податоци на 120.000 граѓани, како и 70.000 незаконски прислушувани разговори кои Зафир Бекири- Чауш и групата имале намера да ги препродаваат.

Освен началникот на Одделот за организиран криминал и други високи полициски професионалци ќе бидат новиот таргет на Оливер Спасовски.

oliver-spasovski-i-adnan-suma

Нашите извори велат дека на удар ќе бидат и Началникот на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА во СВР Скопје, помошниците на Директорот во Одделот за униформирана полиција, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за гранични работи и миграции, Началникот на Централните полициски сили (ЦПС), Началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и  Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

КУРИР дознава дека Оливер Спасовски ја изменил и листата на плати, бидејќи до сега немаше предвидено заменички места, исто без согласност од Чавков. Решенијата се времени, односно на 6 месеци. Познавачите коментираат дека со ваквиот чекор само се прави хаос во МВР, бидејќи нема никаква логика да се менува началникот на Одделот за организиран криминал после таква успешна акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top