Екипата на Арсенал по 20 одиграни кола во премиерлигата се наоѓа на лидерската позиција на табелата. Тоа им дава верба на навивачите на лондонскиот тим дека по подолго време може да се стигне до титулата. Сепак за да се оствари такво нешто менаџерот Арсен Венгер размислува дополнително да го засили тимот во напаѓачката линија.
Познат по тоа што ретко троши пари на големи трансфер, Венгер увиде дека токму скапите засилувања ја прават разликата на теренот. Еден од нив е германскиот репрезентативец Месут Озил кој игра одлична сезона по доаѓањето од Реал Мадрид и е еден од најзаслужните за одличните игри на „топчиите“.
На Арсенал му е потребен уште еден напаѓач и тоа не било каков туку од самиот европски врв. Приоритет за Венгер е напаѓачот на Борусија Дортмунд Пјер – Емерик Обамејанг кој блеска оваа сезона во дресот на „милионерите“. Тој е како „скроен“ за играта на Арсенал, брз, одличен техничар, но и вистински реализатор. Тој би донел значаен квалитет во редовите на „топчиите“, можеби и пресуден за освојување на шампионскиот трофеј.
Арсенал е подготвен да испрати понуда вредна 42 милиони фунти до Борусија Дортмунд за ангажман на Обамејанг. Којзнае дали се тоа доволно милиони за „милионерите“?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.