| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван без Даскалоски и Велковски ќе ја води репрезентацијата во Словенија

trener-obrvan

Македонската ракометна репрезентација попладнево патува за Словенија, каде утре и задутре ќе одигра две силни контролни средби, први за нашиот национален тим во пресрет на ЕП 2016 во Полска. Селекторот Обрван донесе одлука списокот да го скрати само за двајца ракометари, па така во Скопје останаа голманот Златко Даскалоски и десниот бек Мартин Велковски. Останатите 21 ракометар ќе отпатуваат за Словенија и ќе продолжат со тренинзи и натпревари во следниот период, се до конечниот „рез“ и објавувањето на списокот на патници за Краков.

Македонската репрезентација се враќа од Словенија на 6 јануари, по што нашите ракометари ќе добијат два слободни дена за Божиќните празници. Следниот тренинг „црвено-жолтите“ ќе го одработат утрото на 8 јануари, по што на 10 и 11 јануари ќе се одиграат двете последни контролни средби, против Црна Гора во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Натпреварите со Словенија се играат утре во Кршко (почеток 18 часот) и во вторник во Целје (почеток 18:30 часот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top