| четврток, 6 декември 2018 |

Ремек-дело на Руни за три бода на Манчестер јунајтед (видео)

Manchester United vs Swansea City

Манчестер јунајтед конечно по четири натпревари пост во премиер лигата стигна до победата на „Олд Трафорд“ над Свонси од 2-1. Вејн Руни конечно го прекина голгетерскиот пост и постигна погодок, и тоа еврогол со пета, со што англискиот ас им ја донесе на „ѓаволите“ толку посакуваната победа со која овој клуб ќе се искачи на табелата. Претходно, Марсијал го доведе Манчестер во водство од 1-0, а Гудјонсон израмни на 1-1 пред победничкиот погодок на Руни. Со овој гол Руни се искачи на второто место на табелата на најдобри стрелци во историјата на Премиер-лигата, ова беше негов 188. погодок, па сега пред себе го има само Алан Ширер.

Арсенал останува на врвот на табелата по денешната победа од 1-0 над Њукасл. Кошиелни го постигна единствениот погодок, но улогата на херој денеска ја имаше Петр Чех, кој имаше неколку извонредни интервенции при стопроцентните шанси на гостинскиот тим.

Лестер одигра само 0-0 на домашен терен против Бурнемаут, губејќи здив во трката за највисок пласман. Избраниците на Раниери имаа идеална шанса да победат откако добија пенал, а еден гостински играч заработи црвен картон, но Марез не го искористи ударот од белата точка.

Резултати Англија:

Вест хем – Ливерпул 2-0, Арсенал – Њукасл 1-0, Лестер – Бурнемаут 0-0, Манчестер ј. – Свонси 2-1, Норвич – Саутемптон 1-0, Сандерленд – Астон вила 3-1, ВБА – Стоук 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top