Во Германија се уште е присутна носталгијата за некогашната валута – марката. Поради тоа ланецот супермаркети „Кауфланд“ најави дека во текот на месецот ќе ги прима и некогашните банкноти и монети.
Уште од 2002 година, кога е воведено еврото, германските десничари се залагаат за враќање на марката.
Од 4. јануари па се до крајот на месецот секој кој ќе купува во „Кауфланд“ ќе може да ги потроши марките по курс 1,95 марки за едно евро.
Од „Кауфланд“ наведуваат и дека голем број од производите ќе бидат спакувани во амбалажа од некогашната Западна Германија, во дизајн од 60-те години од минатиот век.
Целта на кампањата е Германците да се вратат на некогашната валута, а се претпоставува дека околу шест милијарди марки се скриени ширум земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.