Илјадници патници ја минаа новогодишната ноќ блокирани на двата аеродрома во Истанбул, откако околу 300 планирани летови беа откажани вчера поради обилните снежни врнежи.
Околу две илјади патници, чии летови беа откажани вчера беа префрлени од аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“ во хотели на компанијата „Туркиш ерлајнс“, но поради недостиг на места во хотелите другите беа принудени да останат на аеродромите.
Турските авиопревозници соопштија дека и денеска ќе има откажани летови.
Рано изутрината аеродромот „Ататурк“ целосно беше затворен за сообраќај во период од 30 минути поради обилните врнежни од снег, а шест авиони беа пренасочени да слетаат на аеродроми во Анкара, Анталија и Чорлу.
Снежните вржени во Истанбул почнаа на 30 декември и се очекува да продолжат до утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром