| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје новогодишната ноќ помина мирно

skopje nova godina

Новогодишната ноќ во Скопје помина мирно. На плоштадот Македонија, сквер Јадран, Метрополис Арена и сала на КК Работнички во Градски парк, каде имаше организиран пречек на Новата Година, е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир предизвикано од едно лице.

Како што информираа од МВР, за две лица е повикана Итна медицинска помош кои биле во алкохолизирана состојба.

Се проценува дека новогодишната ноќ на организираниот пречек на Новата година ја дочекале 10.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top