| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет годишно момче пронајдено мртво во Охрид

ohrid

Дваесетгодишно момче го загуби животот во новогодишната ноќ во Охрид, објави локалниот портал ohrid1.com.

Дел од медиумите веќе објавија дека машко тело во лежечка положба во новогодишната ноќ забележале полициските службеници на улицата „Цар Самоил“ во Охрид.

Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид.

На хируршкото одделение, преземени се мерки за медицинска помош но и покрај тоа, лицето починало. По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот.

На улицата „Цар Самоил“, на местото каде беше забележано телото на сега починатиот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.

СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top