| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен терористички напад на Нова година во Њујорк (видео)

policija-ny-nova-godina

Федералните власти во Њујорк го уапсија 25-годишниот Емануел Лихман, кој планирал да го повтори париската масакр од 13 ноември во најмалку два ресторани во градот, на неколку минути пред доаѓањето на Новата година, соопштува телевизија NBC.

Целта на крвавите напади била да се казнат неверниците и да се слави силата на ДАЕШ.

Мажот бил со лесни ментални отстапувања. Според тамошните медиуми бил редовно финансирање на активисти на ДАЕШ. Според истражните органи тој бил заколнат на верност на лидерот на фанатиците Абу Бакр ал-Багдади и бил во постојан контакт со членови на терористичката група во Сирија.

Токму тоа го поттикнало да убие христијани токму по празниците.

„Новата година доаѓа овие денови. Направи го потребното и убиј ги неверниците”, му рекле во телефонски разговор луѓе од ДАЕШ. Ова е неговото прознание за време на распитот. Подготовките на атентатите Лихман ги направил со пари дадени од страна на прикриени агенти на ФБИ. Токму тие му финансирале набавка на ракавици, селотејп, со што да требало да им ги залепи усните на заложниците, потоа ножеви, јажиња и други работи кои се користат при напад на објекти, преполни со луѓе. Пред информаторите тој рекол дека нема проблем со тоа да се жртвува за каузата на ДАЕШ, бидејќи само тоа му било во главата и само за тоа мислел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top