| четврток, 6 декември 2018 |

Фабриката за афери во стечај

„Ви­сти­на­та е ка­ко шило“ е ед­на од нај­ци­ти­ра­ни­те из­ја­ви на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски во те­кот на овие не­кол­ку кри­зи што се ја­ви­ја ед­на­по­дру­га. Иа­ко си ја тол­ку­ва­ше и упо­тре­бу­ва­ше кој ка­ко са­ка, во за­вис­ност од по­тре­би­те и од мо­мент­ни­те по­зи­ции. Шилото из­ле­гу­ва, а ви­сти­ни­те што ги но­си со се­бе сѐ по­ве­ќе не им се по вол­ја на тие што пра­веа па­ро­ди­ја

„Шилото на ви­сти­на­та“, ме­та­фо­ра­та што до­се­га го од­бе­ле­жи пер­и­о­дот на вла­де­е­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ и на Ни­ко­ла Гру­ев­ски, из­ле­гу­ва пред очи­те на јав­но­ста. Ни­кој не оста­ну­ва слеп за ви­сти­на­та, ни­ту над­вор, ни­ту вна­тре во СДСМ. Шилото го про­дуп­чи па­тот од „нај­до­бро чу­ва­ни­от бун­кер“ на СДСМ до јав­но­ста. Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от „Форт Нокс“, се­пак, не бил на Па­вел Ша­тев, ка­ко што го­во­ре­ше Зо­ран За­ев, ту­ку по до­мо­ви­те на чле­но­ви на СДСМ. На адре­си на ли­ца по кои има рас­пи­ша­ни по­тер­ни­ци, а кои Зо­ки ги при­ма на ве­чер­ни се­ден­ки во кан­це­ла­ри­ја во ку­си пан­та­ло­ни и влеч­ки.

Пра­ша­ње­то што ду­ри и опо­зи­ци­о­не­ри­те си го по­ста­ву­ва­ат се­га не е да­ли „раз­ни­те кри­ми-ча­у­ши, чуд­ни­те оп­скур­ни ли­ко­ви од не­ко­гаш­ни­те уд­ба­шки стру­кту­ри, пре­врт­ли­ви­те апа­рат­чи­ци и спле­тка­ри“ се „зми­ја­та во па­зу­ви­те на опо­зи­ци­ја­та“, ка­ко што ги на­ре­ку­ва Бран­ко Ге­ро­ски ба­рај­ќи, на­вод­но, СДСМ да рас­чи­сти со нив, ту­ку ка­ко дој­де до тоа ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја да ја пред­во­дат ток­му та­кви стру­кту­ри?

Ако се су­ди спо­ред збо­ро­ви­те на „гла­ва­та“ на СДСМ, што, впро­чем, е мно­гу те­шко по­ра­ди не­го­ви­те кон­тра­ди­ктор­но­сти, „вла­ста ги сни­ма­ла гра­ѓа­ни­те“, а по­тоа таа, не­ли, ги да­ла на чу­ва­ње кај чо­век што е ба­ран со по­тер­ни­ца, а исти­от тој во ку­си пан­та­ло­ни и влеч­ки, но­ќе, се­ди и се фо­то­гра­фи­ра со ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та!? Та, не­ли, се­кој ко­го За­ев, ка­ко и се­га, го по­ви­ку­ва да до­ста­ви ма­те­ри­ја­ли за „кри­ми­на­ли­те на вла­ста“ зас­лу­жу­ва ед­на нас­ме­а­на фо­то­гра­фи­ја за­ед­но со не­го за да се за­чу­ва спо­ме­нот од таа пло­до­твор­на сред­ба. Об­јас­ну­ва­ње­то на За­ев не по­ми­на ни­ту кај нај­рев­нос­ни­те под­др­жу­ва­чи, а не по­ми­на ни­ту кај не­го­ви­те најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци.

Ва­кво сце­на­рио не по­ми­ну­ва ни­ту кај не­го­ви­от пар­ти­ски се­кре­тар, тех­нич­ки­от ми­ни­стер на по­ли­ци­ја­та Оли­вер Спа­сов­ски. Тој, пак, се огра­ди не са­мо од пра­ша­ње­то да­ли кри­ми­нал­ци­те кон­та­кти­ра­ле со За­ев, ту­ку се огра­ди и од функ­ци­ја­та ге­не­ра­лен се­кре­тар на пар­ти­ја­та по­со­чу­вај­ќи ја ка­ко „по­зи­ци­ја што ја имав прет­ход­но“.

Тоа што во це­ли­от слу­чај не­до­сти­га во јав­но­ста (ба­рем до оваа сре­да на­ве­чер, ко­га е пи­шу­ван овој текст) е нај­го­ле­ма­та под­др­шка на За­ев – не­го­ва­та дес­на ра­ка Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска. Ја не­ма да се из­јас­ни за на­ста­ни­те за афе­ра­та што, ка­ко што се чи­ни, ќе го до­за­ко­па реј­тин­гот на СДСМ. Ше­ке­рин­ска ја не­ма по­долг пер­и­од, ја не­ма­ше ни­ту за скан­да­лот „Изра­ел“, ја не­ма­ше да го ко­мен­ти­ра реј­тин­гот на пар­ти­ја­та, ја не­ма ни­ту се­га, што е не­својс­тве­но за же­на­та што „се за­ло­жи­ла За­ев да би­де пре­тсе­да­тел на СДСМ“.

Но, ни­ту Спа­сов­ски ни­ту Ше­ке­рин­ска ни­ту кој би­ло од ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, за­ед­но со ли­ко­ви­те од из­вр­те­на­та сце­но­гра­фи­ја при пре­со­ви­те на За­ев ко­га еми­ту­ва­ше мон­ти­ра­ни ма­те­ри­ја­ли, а се­га се­дат на за­ме­нич­ки ми­ни­стер­ски ме­ста или се дел од нив­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја, не мо­же и не смее да се доз­во­ли да из­бе­га­ат од од­го­вор­но­ста за слу­ча­јот „Фа­бри­ка за афе­ри“.

Та, не­ли, за­тоа сед­наа во вла­ста, за да рас­чи­стат со евен­ту­ал­ни­те афе­ри, без да по­мис­лат де­ка истра­га­та бр­зо ќе стиг­не до нив­ни­те пор­ти. Исто ка­ко што За­ев ве­ли за фо­то­гра­фи­и­те со Ча­уш – „Не­ма бе­га­ње од тоа“.

 

Фабри­чка лента

Сце­на­ри­о­то со лаж­ни­те лич­ни кар­ти е иден­тич­но со тоа со евен­ту­ал­ни­те фал­си­фи­ку­ва­ни па­со­ши – ни­ко­гаш не беа пу­ште­ни во оп­тек, за две­те има­ше ист „из­вор“ за про­те­ку­ва­ње во јав­но­ста, а раз­ли­ка­та ме­ѓу два­та слу­ча­ја е тоа што не­дел­ни­кот „Фо­кус“ и но­ви­на­рот, кои се во бли­ски вр­ски до СДСМ, овој пат ги од­не­соа сто­ти­на­та фал­си­фи­ка­ти на лич­ни кар­ти во МВР.

На иден­тич­но­ста на слу­ча­и­те по­тсе­ти и по­ра­неш­на­та ми­ни­стер­ка Гор­да­на Јан­ку­лов­ска, а до­ско­раш­ни­от ми­ни­стер на по­ли­ци­ја­та, се­га до­пол­ни­те­лен за­ме­ник на „тех­ни­ча­рот“ Спа­сов­ски, за ми­на­ти­от број на „Ре­пуб­ли­ка“ на­ве­сти де­ка има ин­ди­ции за исто по­тек­ло на лич­ни­те до­ку­мен­ти. Ла­ни ,се­пак, афе­ра­та тре­ба­ше да ја на­ма­ли до­вер­ба­та во ве­ќе из­ми­на­ти­те из­бо­ри­те. Се­га тре­ба­ше да ја раз­ни­ша до­вер­ба­та во нив уште при под­го­то­вка­та, за да се има али­би за пре­скок­ну­ва­ње на из­бо­ри­те.

Тех­нич­ки­от ми­ни­стер Спа­сов­ски за слу­ча­јот со кој сед­на во ми­ни­стер­ска­та фо­тел­ја за­мол­чи и са­ка­ше да се скрие зад евен­ту­а­лен про­то­кол „да не откри­ва де­та­ли од истра­га­та“. Се­пак, тоа што го кри­е­ше Спа­сов­ски бе­ше соз­на­ни­е­то де­ка и са­ми­от тој, ка­ко и не­го­ви­от ли­дер, кон­та­кти­рал и се фо­то­гра­фи­рал со лич­но­сти по кои тре­ба­ше да тра­га­ат при­пад­ни­ци­те на др­жав­ни­от ор­ган што се­га го пред­во­ди.

Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те, Спа­сов­ски не са­мо што кон­та­кти­рал со нив, по­сред­но и не­по­сред­но, ту­ку се оби­дел и да се прот­не кај до­каз­ни­те ма­те­ри­ја­ли во слу­ча­јот во­ден од об­ви­ни­телс­тво­то. Но, ми­ни­стер­ска­та функ­ци­ја не му ги отво­ри вра­ти­те. Та не се си­те об­ви­ни­те­ли спе­ци­јал­ни, ка­ко Ка­ти­ца, па да мо­же пар­ти­ски ка­дар да им ди­кти­ра и оце­ну­ва ус­ло­ви.

Ко­га го нај­а­ви слу­ча­јот, Спа­сов­ски, ве­ро­јат­но, не ни по­мис­лу­ва­ше де­ка не­кој друг, освен не­го, ќе мо­же да ја „те­ра“ истра­га­та. Ве­ро­јат­но па­ме­тот му бил пре­за­фа­тен со на­рач­ки­те ко­го да вдо­ми во ми­ни­стерс­тво­то, за но­ви­те ка­дров­ска из­ме­ни, ка­ко и со ка­ра­ни­ци­те во пар­ти­ја­та за­што тој про­дол­жу­ва да би­де и ми­ни­стер и ге­не­ра­лен се­кре­тар.

 

Сценарио

Се­ка­ко, за „фа­бри­ка­та за афе­ри“ сце­на­ри­о­то би­ло вос­по­ста­ве­но од по­о­дам­на. Су­деј­ќи по ма­те­ри­ја­ли­те во од­зе­ме­ни­те комп­ју­те­ри од до­мот на За­хир Бе­ки­ри – Ча­уш, пап­ка­та со 70 ил­ја­ди прис­лу­шу­ва­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри би­ла отво­ре­на во сеп­тем­ври.

Тоа што до­пол­ни­тел­но ја комп­ли­ку­ва си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се нај­де СДСМ е по­втор­но­то вме­шу­ва­ње на стран­ски др­жа­ви – со фал­си­фи­ку­ва­ње бу­гар­ски до­ку­мен­ти, бан­кар­ски до­ку­мен­ти од Швај­ца­ри­ја, па Ср­би­ја, ка­де што ли­це­то Зо­ран Бо­жи­нов­ски се крие од ма­ке­дон­ски­от про­гон. Ток­му тој од та­му и ги нај­а­ви про­дол­же­ни­ја­та на цир­ку­сот на­ре­чен „Бом­би“.

До­де­ка Зо­ран За­ев за слу­ча­јот „Пуч“, слу­ча­јот за за­ка­ни и за уце­ни врз ма­ке­дон­ски­от пре­ми­ер со ма­те­ри­ја­ли, ка­ко што са­ми­от по­со­чу­ва, што му би­ле од странс­тво, ус­пеа да се „прот­не“ и да би­де пре­зе­мен од спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка Ја­не­ва, таа го по­ба­ра и Ве­ру­шев­ски, кој е гла­вен во тој слу­чај. За по­тсе­ту­ва­ње, еден од двај­ца­та што по на­лог на Ве­ру­шев­ски не­за­кон­ски ги сни­ма­ле раз­го­во­ри­те го приз­на де­ло­то и е осу­ден.

Ба­рај­ќи спас од „су­дот што не го приз­на­ва“, фа­бри­ка­та за афе­ри на За­ев се­га тре­ба­ше од­над­вор да го про­дол­жи тој цир­кус. Бо­жи­нов­ски на не­кол­ку па­ти до­се­га се оби­де пре­ку со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми да „прот­не“ евен­ту­ал­ни стран­ски бан­кар­ски до­ку­мен­ти со ими­ња на ли­ца од вр­вот на вла­ста, ка­ко евен­ту­а­лен кри­ми­нал. Отка­ко об­ви­ни­телс­тво­то об­ја­ви де­ка од „фа­бри­ка­та“ би­ле од­зе­ме­ни фал­си­фи­ку­ва­ни обрас­ци од сме­тки во швај­цар­ски бан­ки, на кои тре­ба­ло да се вмет­нат ими­ња­та на функ­ци­о­не­ри за да мо­же да би­дат об­ви­ну­ва­ни за не­за­кон­ски ми­ли­он­ски транс­ак­ции, вр­ска­та е мно­гу јас­на.

Тоа што не е јас­но е што мис­ле­ше За­ев, ка­де ќе го од­ве­де се­то тоа? Де­ка ќе му го зго­ле­ми реј­тин­гот? Де­ка ќе ја на­ма­ли под­др­шка­та на ВМРО- ДПМНЕ? Де­ка со та­кви ли­ко­ви ќе „до­не­се сло­бо­да и де­мо­кра­ти­ја“? Де­ка „при­ја­те­ли­те од над­вор“ ќе му прог­ле­да­ат низ пр­сти и овој пат? Де­ка, мо­же­би, тоа ќе нѐ уве­ри де­ка „вла­ста ги сни­ма­ла раз­го­во­ри­те“?

Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер и до­ско­ра­шен со­бо­рец на СДСМ, кој и на „сво­ја ко­жа“ иску­си афе­ра со прис­лу­шу­ва­ње, уште во април во те­ле­ви­зи­ско ин­терв­ју по­со­чи де­ка гла­вен „сни­мач“ на раз­го­во­ри­те е ток­му СДСМ. Ду­ри и де­ка трој­ца­та што со За­ев се об­ви­не­ти во „Пуч“ – Ве­ру­шев­ски, Ко­стов­ски и Ла­за­рев­ски се тие што на „ја­ди­ца“ го уло­ви­ле ра­ко­водс­тво­то на СДСМ.

– Јас сум 90 про­цен­ти убе­ден, еве оста­вам 10 про­цен­ти, де­ка тој дел во кој се ми­ни­стри и функ­ци­о­не­ри на ВМРО е сни­ма­но од СДСМ… Ка­ква е вр­ска­та ме­ѓу тие трој­ца, Ве­ру­шев­ски, Ко­стов­ски и Ла­за­рев­ски со де­ло­ви и стру­кту­ри на СДСМ, не мо­жам до крај да ви ка­жам, но дел од ра­ко­водс­тво­то ја фа­ќа таа ја­ди­ца. Таа трој­ка е иста­та трој­ка што го отво­ри „Го­ле­мо­то уво“ – по­со­чи Ге­ор­ги­ев­ски.

Истра­га­та на об­ви­ни­телс­тво­то ти­вко и без пом­па пре­диз­ви­ка крах на „пр­ва­та стран­ска ин­ве­сти­ци­ја на СДСМ“. „Фа­бри­ка­та за афе­ри“ за­ми­ну­ва во сте­чај, та­ка ка­ко што во сте­чај за­ми­ну­ва и овој СДСМ.

Зо­што и ка­ко се доз­во­ли во вр­вот на СДСМ да се на­ле­пат „чуд­ни оп­скур­ни ли­ко­ви од не­ко­гаш­ни­те уд­ба­шки стру­кту­ри“, е пра­ша­ње што не­из­беж­но мо­ра да би­де ре­ше­но, а по­тоа и да од­го­ва­ра­ат за си­те де­ла. За пар­ти­ја­та да оста­не пар­ти­ја. Из­бо­ри­те што се нај­а­ве­ни во април мо­же да би­дат од­лич­на пој­дов­на точ­ка. Да се ви­ди на де­ло де­ка ва­кви­те по­те­зи на опо­зи­ци­ја­та се по­губ­ни, а по­тоа на мир да се по­све­тат кон по­диг­ну­ва­ње на СДСМ ка­ко по­ли­тич­ка пар­ти­ја.

За да не­ма и на­та­му „Ви­сти­на“, со ко­ја шилото од не­кои но­ви бун­ке­ри би из­нел на ви­де­ли­на нов срам за др­жа­ва­та, на­ро­дот, гра­ѓа­ни­те, гла­са­чи­те. Срам за си­те.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 173. број на неделникот „Република“, 25.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top