Сите услови кои беа потребни за Зоран Заев да ги предаде материјалите до Специјалното јавно обвинителство се исполнети. Станува збор за хард-дискови со материјали кои СДСМ нелегално ги поседува, за чие чување не е потребно многу место, беше псочено во интервјто со премиерот Никола Груевски во вестите на Сител телевизија. Пред очите на јавноста беа покажани три хард дискови на кои може да бидат сместени многу повеќе снимени разговори отколку што Заев вели дека поседува.
Груевски дека е обезбедено е се што е побарано од СЈО.
-За вакви хард-дискови е потребен сеф кој Владата го испорача до СЈО. Немаше барање, но дознавме од медиумите и веднаш испративме сеф. Потребно беше 24 часовно обезбедување, по што Владата го задолжи МВР за обезбедување на 24 часовно обезбедување. Двата услови се исполнети, рече премиерот.
Откако партискиот портпарол Петре Шилегов како образложение зошто не се предаваат материјалите до СЈО како една од причините го наведе фактот дека Јанева нема кафекуварка, премиерот на шега искоментира дека кафекуварка не е потребна да ги чува материјалите во СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.