Американскиот актер Бил Козби синоќа беше пуштен од притвор со кауција од милион долари откако против него беше подигнато обвинение за кривично дело сексуален напад во врска со случај од пред 12 години и издаден налог за апсење во Пенсилванија.
Полицијата му зеде отисоци и го фотографираше Козби (78), а неговото следно појавување на суд ќе биде на 14 јануари.
Козби се товари дека дрогирал и силувал жена во својот дом во јануари 2004 година. Во изминатите неколку месеци повеќе од 50 жени го обвинија Козби за сексуален напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.