„Хафнгтон пост“ издвои 12 изреки кои би можеле да бидат инспиративни во 2016 година.
1. Ќе отвориме нова книга. Некои страници се празни. Сами ќе ги напишеме зборовите. Книгата се вика „Можност“, а првото поглавје го носи називот Првиот ден од новата година. (Едит Лавџој Пирс)
2. Една одлука која ја донесов и пробувам да се придржувам на неа е – ќе се издигнам над малите работи. (Џон Бургос)
3. Надежта се насмевнува од прагот на годината која доаѓа, шепнувајќи: ќе биде среќна. (Алфред Тенисон)
4. Иако човековиот живот како земја е преполна со трња, секогаш има простор каде Божјото семе може да расте. Морате да верувате во Бога. (папата Франциск)
5. Секогаш мораме да се менуваме, да се обновуваме, подмладуваме, инаку ќе затврдниме. (Јохан Волфганг вон Гоет)
6. Кога нешто тешко и паѓа на твојата совест, откажи се од тоа. (Мухамед)
7. Никогаш не сте престари за нова цел или за да сонувате нов сон. (Ц.С.Луис)
8. Доколку дишете и сте свесни дека живеете, ако го познавате чудото кое се вика живот, тогаш тоа е вистинско просветлување. (Тич Нат Хан)
9. Ветарот дува, едрата на бродовите го фаќаат за да тргнат напред. Но, оние бродови чии едра се замотани не го фаќаат ветрот. Дали ветарот е виновен за тоа? Самите ја создаваме својата судбина. (Свами Вивеканада)
10. Зборовите од минатата година му припаѓаат на минатогодишниот јазик. Зборовите за наредната година чекаат нов глас. (Т.С. Елиот)
11. Направи нешто добро онаму кадешто се наоѓаш, бидејќи тие мали делови заедно го освојуваат светот. (Десмонд Туту)
12. Морате да живеете убаво и да не дозволувате поради моќта, богатството и задоволството заборавате дека сте создадени за големи работи – да сакате и да бидете сакани. (Мајка Тереза
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


