| четврток, 6 декември 2018 |

Дочекот на Нова година во Париз скромно и со засилени безбедносни мерки

париз

Во услови на стравувања од можни терористички напади, традиционалниот дочек на Нова година на Елисејските полиња, годинава ќе помине во услови на засилени безбедносни марки, јави дописникот на МИА од Париз.

За време на новогодишната ноќ најавено е засилено полициско присуство на најпознатата авенија во Париз, каде што дочекот на новата 2016 година ќе биде првата јавна свеченост по теророристичките напади од 13 ноември. Во исто време и прославата, закажана околу Триумфалната порта, ќе биде поскромна од вообичаеното. Нешто пред 23 часот на 31 декември ќе биде запрен сообраќајот на авенијата „Шанзелизе“, по што набрзо по полноќ повторно ќе биде возобновен, многу порано отколку во претходните години. ­ Полициските сили, кои и така се многубројни, ќе бидат засилени со уште неколку илјади полицајци, многу повеќе од минатата година, изјави Роко Контенто, портпарол на полицијата во Париз.

Градоначалничката на Париз, Ани Идалго соопшти дека поради „безбедносни причини“ откажан е традиционалниот огнометот на Триумфалната порта. Едно од најпознатите обележја на Париз, 15 минути пред Новата година, ќе биде осветлено во француското знаме, а во 23:50 на Триумфалната капија ќе започна проекција на тема „Заеднички и среќен живот во Париз“, која ќе трае 10 минути. Полицијата сака да избегне премногу толпа народ во близина на споменикот.

-Продавниците на „Шанзелизе“ ќе работат до 18 или 19 часот, додека рестораните на остануваат отворени цела ноќ. ­ Животот продолжува. Париз е празник. Ние тоа го кажавме многу пати и тоа е порака до светот- изјави Едуард Лефевр, претставник на трговците од Шанзелизе. ­ Ние секогаш сакаме да имаме гостопримлив град. Многу е важно да се случува нешто на 31 декември. Ние не се откажуваме, вети тој. Лани на Елисејските полиња се собраа околу 650.000 за да ги одбројат последните секунди на 2014 и да ја дочекаат 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top