Две лица денеска се приведени во Анкара под сомнение дека планирале терористички напади за време на новогодишната ноќ.
Според информации на весникот „Милиет“ приведените се членови на Исламска држава и се турски жители.
Лицата се приведени во Анкара во акција на Одделот за борба со тероризам и разузнавањето, извршена изутрината по локално време.
Уапсените планирале терористички напади на новогодишната ноќ во реонот на Казалај во центарот на Анкара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.