Сирискиот амбасадор во ОН, Башар ал Џафари, ја обвини Турција дека ја поддржува Исламска држава и дека сака да ја оживее Отоманската империја.
– Турција поддржува терористички групи и помага во нивната инвазија во Сирија – наведува Џафари во писмо до генералниот секретар на ОН и до Советот за безбедност на ОН.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има за цел да ја „оживее Османската империја“ додава тој и повикува ОН да ги запрат „злоупотребата и злосторствата“ на Анкара.
– Турското мешање во внатрешните прашања на Сирија има разни облици за време на кризата, вклучително и директно ангажирање на режимот на Ердоган и турските оружени сили во воени офанзиви за поддршка на терористите – наведува сирискиот амбасадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.