| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ја обвини Турција за поддршка на ИД

Сирискиот амбасадор во ОН, Башар ал Џафари, ја обвини Турција дека ја поддржува Исламска држава и дека сака да ја оживее Отоманската империја.

Militant Islamist fighters parade on military vehicles along the streets of northern Raqqa province

– Турција поддржува терористички групи и помага во нивната инвазија во Сирија – наведува Џафари во писмо до генералниот секретар на ОН и до Советот за безбедност на ОН.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има за цел да ја „оживее Османската империја“ додава тој и повикува ОН  да ги запрат „злоупотребата и злосторствата“ на Анкара.

– Турското мешање во внатрешните прашања на Сирија има разни облици за време на кризата, вклучително и директно ангажирање на режимот на Ердоган и турските оружени сили во воени офанзиви за поддршка на терористите – наведува сирискиот амбасадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top