| четврток, 6 декември 2018 |

Поради невреме приземјени авиони во САД

Снег и град го отежнаа авионски сообраќај ширум САД во еден од најпрометните викенди откако во бури загинаа 44 луѓе за време на божиќните празници. ­

– Околу 2.900 летови се откажани, а 4.800 се одложени до синоќа до 23 часот, соопшти службата за следење на летовите Флајт Авер.

Најлоша е ситуацијата на аеродромите во Чикаго каде стотици летови се откажани откако градот беше зафатен од смрзнат дожд.

Повеќе од 30 сaнтиметри снег се очекува на југозапад во Висконсин како и на југоисток во Минесота, а снег веќе падна во Ајова, во Небраска и во Мисури. ­

– Бурата донесе снег од 104 сантиметри во делови од Ново Мексико и 25 сантиметри дожд во делови од Арканзас, Муисури, Оклахома и Тексас, соопшти Метеоролошката служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top