| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Веќе нема ебола во Гвинеја

Светската здравствена организација ја прогласи Гвинеја за земја во која нема ебола, откако епидемијата однесе над 2.500 животи.

ebola_afrika-640x400-600x375

Еболата нанесе сериозни штети на економијата на Гвинеја, на здравствениот и на образовниот систем. Поради еболата 6.200 деца во Гвинеја останаа сираци.

Гвинеја е прогласена за земја без ебола откако 42 денови не беше регистриран нов заразен по оздравувањето на последниот пациент.

Од ебола во светот разболеа 28.600 луѓе од кои 11.300 починаа. Најголем број на жртви регистрирани се во Либерија, каде 4.800 починаа, а во Гвинеја со ебола беа инфицирани над 3.800 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top