| четврток, 6 декември 2018 |

Спасена жена од киднапери кај Автокоманда?

policija

Полицијата истражува дали е вистина изјавата на тројцата уапсени киднапери кои се приведени во Автокоманда, откако грабнале скопјанка, а кога биле уапсени тврделе дека всушност биле ангажирани од полицаец кој сакал да го добие станот од жената која тие утрово ја киднапирале, јави Плусинфо.
Засега се знае дека тројцата киднапери влегле во станот на жената. Откако насила ја внеле во возило, наводно ја однеле крај Смилковското Езеро. Таму тие и се заканувале и неколку пати ја удирале по главата и телото, а таа исплашена за својот живот се согласила да го потпише договор според кој, таа се откажува од својот стан.
Во меѓу време, нејзиниот брат ја алармирал полицијата. Кога грабнатата скопјанка и киднаперите пристигнале пред една нотарска канцеларија во Автокоманда, биле пречекани од полициските „алфи“, кои ја спасиле жената, а киднаперите ги привеле.
Во првичната истрага, грабнувачите тврделе дека биле ангажирани наводно од полицаец. Повредената жена е пренесена и задржана на лекување во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top