Крајот на една и почеток на друга година неминовно донесуваат размислување за одлуките и за работите што сакаме да ги менуваме на себе и околу себе. Први јануари е датумот кога многумина од нас почнуваат со новогодишните одлуки, но факт е дека дури 60 отсто од новогодишните одлуки пропаѓаат во првите три месеци од новата година.
Кои се десетте најпопуларни новогодишни одлуки?
1. Да ослабнам
2. Да поминувам повеќе време со пријателите и со семејството
3. Да престанам да пушам
4. Да почнам да штедам
5. Помалку да се нервирам и да бидам под стрес
6. Да почнам да волонтирам
7. Да го надградам степенот на образование
8. Да престанам да пијам алкохол
9. Повеќе да спијам
10. Повеќе да патувам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.