| четврток, 6 декември 2018 |

Германија треба да вработи преку 28.000 наставници за децата бегалци

деца

Германските власти досега вработиле околу 8.500 наставници за да обезбедат образование за децата бегалци, кои оваа година пристигнаа во земјата, јави дописникот на МИА од Берлин.

Весникот „Ди Велт“наведува дека во 16 германски федерални покраини се формирани 8.264 „специјални одделенија“ во кои треба да се изведува настава за 196.000 деца на имигрантите.

Според анкетата на германското Министерство за образование, од вкупно преку еден милион имигранти кои приситгнаа во Европа по најголемата бегалска криза по Втората светска војна, околу 325 илјади се деца. ­ – Училиштата и образованието никогаш порано немале ваков предизвик – изјави министерка за образование и култура на покраината Саксонија, Брухилд Курт.

Бројката од 8.500 досега вработени наставници ни оддалеку не е доволна за да се обезбеди соодветно образование за сите деца бегалци. Според лидерот на синдикатот на германските наставници, Хајнц­ Петер Мајдингер, на земјата ѝ се потребни уште околу 20.000 наставници со цел сите деца бегалци да добијат квалитетно образование. Тој дава рок до следното лето да заврши процесот на вработување нови наставници, со цел ученици бегалци да добијат квалитетно образование. Професијата наставник во Германија е меѓу послабо платените на национално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top