| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен сириски новинар кој ги разоткрил злосторствата на ИД

Сирискиот новинар Наџи Џерф, кој е автор на документарни филмови во кои се прикажани злосторствата на Исламска држава, е убиен вчера во Турција, соопшти групата за која работел „Рака се убива тивко“.

isis

 

Џерф, кој е татко на две деца, е убиен со пиштол со придушувач во Газиантеп, турски град на границата со Сирија.

Негов пријател изјави дека тој требал оваа недела да допатува во Париз, откако заедно со останатите членови на неговото семејство добил дозвола за азил во Франција.

„Рака се убива тивко“ е новинарска група која се занимава со злоупотреба на човековите права во Рака, град кој ИД го смета за своја престолнина во Сирија.

Џерф, кој беше уредник на месечното списание „Хента“, во своите документарци, меѓу другото, открил и што правела ИД во текот на крвавите борби околу Алепо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top