| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на рудникот во Кина изврши самоубиство по несреќата

несрека

Сопственикот на кинескиот рудник за гипс изврши самоубиство скокајќи во бунар, два дена откако во рудникот дојде до несреќа и смрт на еден рудар, а напорите за спасување на преостанатите 17 се се уште во тек.

Сопственикот на компанијата „Јуронг комерс енд трејд“ Ма Конгбо утрово помагал во акцијата за спасување на рударите, кога ненадејно скокнал во блискиот бунар и се удавил.

Во рударската несреќа што се случи во петокот, спасувачите на површина извлекле 11 преживеани, како и еден починат рудар. Се уште се трага по 17 рудари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top