Мануел Пелегрини ќе си замине од Манчестер сити за да му направи место на Пеп Гвардиола, но тој најверојатно ќе остане во Премиер – лигата. Шпанскиот спортски весник „Марка“ открива дека поранешниот тренер на Реал Мадрид е најизгледното решение за клупата на Челси од следната сезона. Откако си замина Жозе Мурињо, многу имиња се вртат како можни менаџери, а според „Марка“ токму сегашниот стратег на Манчестер сити е опцијата што сака да ја искористи Роман Абрамович.
Чилеанецот има договор до 2017 година, но сигурно ќе си замине на крајот од сезоната, а Челси има „дил“ со Гус Хидинк исто така до завршувањето на овој шампионат. Многу изгледно е токму Пелегрини од идната сезона да седи на клупата на лондонските „сини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.