| четврток, 6 декември 2018 |

Кога астронаут ќе згреши број прашува „Здраво, дали е тоа планетата Земја“

Di6B0CwYБританскиот астронаут Тим Пик свртил погрешен број од Меѓународната вселенска станица за да се јави на Земјата по повод боќикните празници, јавуваат лондонските медиуми.

На еден женски глас кој одговорил на телефонскиот повик, Пик возвратил: „Здраво, дали е тоа планетата Земја“, но веднаш утврдил дека тоа не е неговата сопруга.

Веднаш потоа на својата страница на Твитер се извини за грешката, објаснувајќи дека немал намера да испраќа „шеговити телефонски повици“.

 

Тим Пик (43), кој е поранешен мајор на британската армија, е првиот Британец кој престојува на Меѓународната вселенска станица. Тој е татко на две деца и од рускиот космодром Бајконур во Казахстан, полета на 15 декември. Во станицата ќе остане шест месеци, за да изведе низа научни експерименти. Претходно, Пик им помагал на двајца свои колеги да престојуваат во Вселената. Американците Тим Копра и Скот Кели од НАСА, престојувале надвор од вселенската станица за да поправат некои оштетени делови.

Хелен Шарман е првиот британски државјанин кој патувал во Вселената во советската орбитална станица „Мир“ во 1991 година.

Другите Британци кои патувале во Вселената тоа го направиле приватно или како американски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top