| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрант од Сенегал добил 400.000 евра на лотарија во Шпанија

senegal lotoНевработен Сенегалец, кој како бегалец го спасила шпанската крајбрежна стража кога на мал дрвен чамец стигнал од Мароко, освоил 400 илјади евра на шпанската божиќна лотарија, пренесе Гардијан.

38-годишникот по име Нгаме, е еден од 1.600-те добитници на големата лотарија. Добитниот тикет го купил во крајбрежното градче Рокуетас де Мар во Алмерија каде живее со својата жена која исто така како бегалец дошла од Мароко, пренесе Независне.

-Не можам да поверувам! Има денови кога двајцата немаме ниту пет евра да поделиме- раскажал шокираниот Нгаме.

Тој и неговата сопруга стигнале во Тенерифе пред осум години. Ги спасила крајбрежната стража кога малиот дрвен чамец на кој патувале наишол на проблеми.

-На чамецот имаше 65 луѓе. Многу им сум благодарен на Шпанците и нивната крајбрежна стража што не спасија од морето- рекол Нгаме.

Откако дошле во Шпанија, се издржуваат работејќи повремено како берачи на овошје и зеленчук. Но, Нгаме неодамна бил отпуштен и оттогаш безуспешно бара работа.

Шпанската божиќна лотарија е една од најдарежливите на светот. Оваа година беше вредна дури 2,2 милијарди евра.

Но, за разлика од другите големи лотарии кои огромниот износ го даваат на само неколку десетици среќни добитници, шпанската лотарија наградува неколку илјади среќници. Таа лотарија се оддржува од 1812 година.

Божиќната лотарија во Шпанија е дел од традицијата кога пријателите, колегите и семејствата се собираат заедно и уплаќаат тикети. Стандарден тикет чини 20 евра, а неколку дена пред извлекувањето, пред уплатните места се формираат долги колони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top