Ирачките сили воспоставија денеска контрола над речиси целиот центар на Рамади и во моментот се водат борби против терористи на ИД, за да се ослободи владиниот комплекс во центарот на градот.
Ирачките сили во вторникот започнаа офанзива за да го ослободат Рамади од ИД, со поддршка на авијацијата на меѓународната коалиција, но и локалните бунтовници.
– Антитерористичките единици влегле во реонот Ел Хоз во центарот на Рамади и воспоставиле контрола. Во моментот се водат борби околу владиниот комплекс, изјави воениот командант.
Во нападот ирачките сили убиле 14 терористи, а во наредниот период се очекува повлекување на останатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.