Турција постигна договор со ЕУ за визна либерализација за турските граѓани, која може да почне да важи до октомври следната година, изјави турскиот министер за евроинтеграции Волкан Бозкар.
– Се надеваме дека во октомври следната година турските граѓани ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната, истакна синоќа Бозкар.
Неговата изјава е дадена само неколку недели откако Анкара и Брисел го постигнаа спорниот договор за намалување на мигрантскиот бран кон ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.