Европскиот парламент изгласа нови правила за побрзо воведување визен режим за влез во Европска унија, со што се отвора патот за визна либерализација за Украина и за Грузија. Новите правила беа изгласани со 485 гласови „за“ и 132 „против“. Со тоа пратениците го потврдија политичкиот договор постигнат пред една недела меѓу преговарачите од ЕП и од Советот на ЕУ. Знам дека тоа не е идеален текст, каков што би сакале да имаме. Направивме големи отстапки, но не сме ги заборавиле ставовите, да ги заштитиме основните права и да ја зачуваме улогата на ЕП, изјави известувачот на ЕП по предлогот на Агустин Диас де Мера од Европската народна партија. Стапувањето во сила на механизмот за безвизно патување беше поставен како услов од некои земји за да се прифати договорот за либерализација на визите со Украина и Грузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.