| четврток, 6 декември 2018 |

Догодина ќе нема визи за ЕУ за Турција

turcija euТурција постигна договор со ЕУ за визна либерализација за турските граѓани, која може да почне да важи до октомври следната година, изјави турскиот министер за евроинтеграции Волкан Бозкар.

– Се надеваме дека во октомври следната година турските граѓани ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната, истакна синоќа Бозкар.

Неговата изјава е дадена само неколку недели откако Анкара и Брисел го постигнаа спорниот договор за намалување на мигрантскиот бран кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top