| четврток, 6 декември 2018 |

Германија нема да испрати копнени сили во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер ја исклучи можностa за копнена интервенција на германската армија во Сирија, јави дописникот на МИА од Берлин.

stajnamaer2

Во интервју за „Функе Медиагруп“ тој ја бранеше германската интервенција во Сирија, но ја отфрли можноста германски сили да водат копнени операции во земјата, од каде што избега половина од популацијата.

– Заканите од терористичката Исламска држава (ИД) не завршуваат на германските граници, затоа не е одговор да ги затвориме нашите врати, да го изгаснеме светлото и да се надеваме дека тероризмот ќе ги погоди соседите каде што светлата се запалени, изјави Штајнмајер во интервјуто.

– Целосно се согласувам со вицеканцеларот Зигмар Габриел дека германски трупи нема да се борат на сириска територија, изјави Штајнмајер.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на Штајнмајер и Габриел, која е дел од големата владина коалиција предводена од Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел, остро се спротивставува на идејата за испраќање на копнени сили во Сирија.

Според Штајнмајер, главната улога во битката со ИД треба да ја имаат водечките муслимански земји, како Саудиска Арабија. Ѕој оцени дека најавата за создавање на исламска коалиција од 34 земји, кои заедно ќе се борат против ИД е добар сигнал во борбата против тероризмот.

Германија сега учестувува во авионападите на ИД на страната на западната коалиција во Сирија, на барање на Франција, упатено по нападите во Париз.

Вкупно околу 1.200 германски војници, извидувачки авиони и една фрегата се ангажирани во акции за прибирање информации и логистичка поддршка за коалиционите сили во регионот, предводени од Франција и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top