| четврток, 6 декември 2018 |

Не ја прославиja ниту првата годишнина, а веќе се разведуваат

батон2

По само една година брак, возачот на Формула 1 и неговата сопруга манекенката Џесика Мичбата одлучиле да се разведат, одекна во сите медиуми и на социјалните мрежи.

– Џенсон и Џесика одлучија да појдат секој по својот пат. Разделбата е пријателска, и нејзиниот повод не е трета личност – навел ПР-от на Батон за британски „Дејли мејл“.

Џенсон Батон (35) и Џесика Мичибата (31) се запознале во 2008 година во хотел во Токио, и осум месеци подоцна започнале врска. Накратко раскинале во 2011 година, за повторно да се смират, а Батон ја запросил манекенката на Денот на вљубените минатата година. Се венчале во текот на новогодишни празници на Хаваи, на 30 декември 2014 година.
Батон ја изненадил јавноста кога изјавил дека, иако се во брак, тој и Џесика не живеат заедно. Џесика живеела во скромен стан со мајка си во Јапонија, додека Батон формално се населил во Монако.

– Не се гледаме ништо повеќе, отколку што се гледавме додека бевме во врска. Џесика често поради работата престојува во Јапонија, покрај моделството, се занимава и со глума. Таа ја сака својата работа, јас ја сакам својата, но сето тоа значи дека ретко се гледаме – рекол Батон тогаш.

„Дејли мејл“ наведува дека сега проблем ќе биде поделбата на имотот, бидејќи Батон, кој е „тежок“ 35 милиони фунти, не потпишал предбрачен договор со својата сопруга.

Оваа година беше тешка за британскиот возач. Имаше само 16 поени во овогодинашната сезона на Формула 1, а размислувал и за повлекување од Ф1.

батон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top