„Мис Колумбија“, Ариадна Гутиерез, која ја носеше титулата „Мис Универзум“ најкратко во историјата на натпреварот, доби необичен предлог.
Коосновачот на компанијата за порно филмови „Вивид ентертејмент“, Стив Хирш, и понудил на убавицата 1 милиони долари, ако се согласи да учествува во порно филм.
Се уште не е познат одговорот на Ариадна Гутиерез, која стана позната откако во финалето на конкурсот нејзиното име беше помешано, со тоа на победничката од Филипините.
Првично за победничка беше крунисан Ариадна, но една минута подоцна водителот на церемонијата се извини за грешката.
Во писмо до колумбијката, Хирш и нуди улога во филм за возрасни, што според него ќе и ја гарантира понатамошна слава.
– Порно касетите на познати личности, кои ние сме ги дистрибуирале им помогнаа во кариерите на ѕвездите како Ким Кардашијан, Кендра Вилкинсон, Памела Андерсон и многу други, се вели во текстот.
Ариадна ќе може да ужива голем број привилегии, доколку се согласи со предлогот. Таа самата ќе може да го избере својот партнер, видот на сексот, како и бројот на филмови во кои ќе учествува
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.