| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп продолжува да изненадува, со песна му го честиташе роденденот на службеник (видео)

jirgen klop

Одличната атмосфера во тимот на Ливерпул која владее од првиот ден по доаѓањето на Јирген Клоп на клупата на „црвените“, уште повеќе е подобрена пред божиќните празници и пред дербито со Лестер во Премиер лигата што се игра утре на „Енфилд Роуд“.
Пред новинарите, на германскиот стручњак му текна дека еден од службениците во клубот слави роденден, па пред сите му честиташе, а потоа со присутните новинари му испеаја и славеничка песна. Непредвидливоста е една од причините за тоа што Клоп е омилен каде и да работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top