Вејн Руни ги демантираше пишувањата на англиските весници дека фудбалерите на Манчестер јунајтед се незадоволни од тактиката и динамиката на тренинзи на Луј ван Гал. Неколку медиуми тврдеа дека бил одржан и „кризен состанок“ во тренинг центарот на јунајтед, но Руни тврди дека тоа не е вистина, давајќи му целосна поддршка на холандскиот стратег, кој се наоѓа многу близу до отказ.
– Последните неколку седмици беа многу лоши за нас, бележевме слаби резултати и тоа придонесе да се наруши атмосферата. Сепак, како капитен можам да кажам дека сме единствени во желбата да најдеме излез од кризата и што поскоро да се вратиме на победнички патеки, за нас самите и за нашиот тренер кој се најде под огромен притисок во последно време. Сакаме да ја свртиме оваа сезона, има уште сосема доволно натпревари и се надевам дека веќе на следниот натпревар против Стоук ќе се прикажеме во вистинско светло – изјави Руни.
Токму слабата форма на англискиот голгетр е една од главните причини за кризата во редовите на Манчестер јунајтед, со оглед на неговата неефикасност без оглед на огромната поддршка што ја добива од Ван Гал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.