| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Од една страна фабрика за афери од друга страна реални фабрики, крупна е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Крупна е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од една страна фабрика за афери од друга реални фабрики кои вработуваат и произведуваат, истекна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на трибината во Гостивар.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија која што на политичката сцена воспостави еден комплетно нов начин на функционирање, преку претставување на граѓаните на една конкретна програма со конкретни рокови и конкретни решенија за проблеми кои што ги имаме детектирано врз основа на бројните средби кои ги остваруваме со народот и врз основа на експертските тимови. Од една страна имаме партија која се занимава со деструктивна политика, тоа е СДСМ, чиј основен начин на функционирање е деструкција и негативизам. Од другата страна имаме политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј основен начин на функционирање е проекти, реформи, инвестиции во здравство, земјоделство, образование, инфраструктура… Тоа е изборот во Македонија. Тоа е она помеѓу што граѓаните треба да бираат. Во последен период сме сведоци на една голема афера, која од ден на ден се повеќе не` шокира. Се повеќе покажува некое многу лошо лице на опозоцијата. Ја демаскира нивната политика и начинот преку кој сакаа да дојдат на власт- со измама на сопствениот народ, со креирање на „Фабрика за афери“, истакна Тодоров.

Според него, СДСМ, до сега нема резултат во инвестициите и креирање на работни места.

-Ја остави државата во 2006 година со 39 проценти на невработеност, историски највисоко ниво. Ја остави во една апатична состојба кога секоја година од Агенцијата за вработување слушавме информации дека се зголемува невработеноста. Тоа беше автентично за СДСМ. Во 2006 СДСМ предаде на ВМРО-ДПМНЕ држава во апатија, во која немаше нови фабрики и инвестиции, не се помислуваше на субвении и намалување на лекови. Од 2006 до денес ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја намали невработеноста за повеќе од 13 процентни поени, но не преку бришење на невработените како што правеше СДСМ, туку преку отворање на нови работни места. Од 2006 до денеска се отворени нови над 150 илјади работни места, додаде Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top