| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ на терен ги слуша потребите и имплементира проекти кои произлегуваат од граѓаните

Христијан Мицковски, член на ИК и советник на премиерот за енергетика, говореше на трибината- дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”, која вечерва се одржа во Гостивар.

-Огромен гнев е насобран кај таа мала група наши сограѓани, гнев што заслепува, гнев што доведува до лудило, меѓутоа како секогаш во минатото така и овој пат, ВМРО-ДПМНЕ се исправи цврсто пред предизвикот, го истакна својот државотворен капацитет и уште еднаш се покажа како столб на државноста на нашата татковина. Додека Владата предводена од премиерот Никола Груевски се бори за секое ново работно место , за секоја нова отворена фабрика, за секој дополнителен километар асфалтиран автопат, за секоја нова градинка, училиште, болница, оваа група деструктивци фалсификува, импровизира, мести сценарија, потенцира Мицковски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на терен помеѓу своите сограѓани, ги слуша потребите, анализира и имплементира проекти кои произлегуваат од граѓаните, а така произлегле многу проекти.

-200.000 милиони евра се вложени во производство на електрична енергија од обновливи извори. Повеќе од 5.000 домаќинства ги осветлуваат своите домови со енергија добиена од обновливи извори, а во тие домови илјадници ученици ги пишуваат своите домашни задачи. Преку 35 милиони евра се вложени во ревитализација на хидроцентралите, вклучително и Мавровската каскада, инвестиција која го продолжува работниот век за дополнителни 40 години и ги „бетонира“ работните места на гостиварци.

Мицковски, додаде и дека гасификацијата е на прагот на реализација.

-Тендерот за изградба на магистралниот гасовод до Гостивар ќе се објави во јануари, а почетокот на работите ќе стартуваат најдоцна до април. Со тоа сонот за ефтин енергенс на нашите сограѓани станува реалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top