Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), денеска, в сабота, на 13 април организираат отворен ден под мотото „Купи сончев колектор – аплицирај за субвенција“. Настанот ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија и ќе присуствува министерот за економија Ваљон Сарачини.
Целта е промоција на употребата на сончеви колектори во домаќинствата и искористување на сончевиот потенцијал на нашата земја, како обновлив извор на енергија, како и информирање и промовирање на поволностите од употребата на термалните сончеви колектори.
Предвидено е неколку македонски производители на сончеви колектори да ги претстават своите производи, со што на граѓаните ќе им се овозможи да добијат бесплатни совети за тоа како работат сончевите колектори, за заштедата на енергија што се постигнува со нив и како максимално да се искористи македонското сонце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.