| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни 97 повреди на Јунајтед во ерата на Луис Ван Гал

runi povreda

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед игра порменливо и далеку од препознатливата форма кога беше неприкосновен во Премиер лигата под палката на Сер Алекс Фергусон. По него екипата бележи слаби резултати, а една од причините за тоа се тешките повреди на клучните играчи.
Британскиот весник „Тајмс“ потенцира дека токму во ерата на Луис Ван Гал се случиле неверојатни 97 повреди за 12 месеци или осум фудбалери месечно.
Најмногу фудбалерите ги повредувале глуждовите, а член на Јунајтед кој најмногу страдал е Лук Шо со дури 10 повреди. Потоа, следи Анхел Ди Марија со девет, Мајкл Керик, Фил Џонс, Марко Рохо, Вејн Руни, Крис Смолинг со по седум, Андер Ерера со шест…

Во последните пет месеци Ван Гал има дури 37 повреди, или што е 7 месечно.

mancester junajted

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top