Охрид викендов ќе нема вода и струја. Претходно беше објавено дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Сега и „Проаква“ Р.Е. Водовод Охрид соопшти дека поради најавените прекини со електрична енергија од страна ма МЕПСО А.Д. ќе има прекин во работењето на Пумпната станица Дрвара поради што дел од корисниците во стариот дел на градот ќе имаат прекин во снабдувањето со вода.
Исто така можно е во високата зона на градот и високите згради водоснабдувањето да биде со намален притисок.
Прекинот во снабдувањето ќе биде во времетраење согласно известувањата од МЕПСО А.Д. односно спрема најавените временски интервали: сабота, 13 април во интервалите од 8 до 16 часот, недела, 14 април во интервалите од 8 до 18 часот, понеделник, 15 април во интервалите од 13 часот до 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.