Густата магла изутринава не го попречува одвивањето на сообраќајот на скопскиот аеродром. Досега сите планирани полетувања и слетувања се реализирани, освен летовите за Истанбул.
Според веб-страницата на аеродомот „Александар Велики“, следното полетување е за Бергамо во 11.45 часот, а првото слетување на скопскиот аеродром по откажаниот лет за Истанбул е од Дортмунд во 11 часот.
Во патниот сообраќај на одредени патни правци има намалена видливост. На патните правци Тетово – Скопје, Велес – Градско, Неготино -Демир Капија и Сарамзалино – Штип видливоста е намалена од 30 до 50 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)