| четврток, 6 декември 2018 |

Валс: На обвинетите за тероризам ќе им се одзема државјанството на Франција

Францускиот премиер Мануел Валс денеска најави измени во Уставот, кои ќе овозможат на обвинетите за тероризам, кои имаат двојно државјанство, да им се одземат француските документи.

Таа одлука ќе биде една од мерките воведени во склоп на вонредната состојба во Франција, која е во сила од терористичките напади во Париз на 13 ноември.

Валс исто така ја остави отворена можноста за продолжување на вонредната состојба во Франција на подолго од сегашните три месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top