Предводена од Коби Брајант екипата на ЛА Лејкерс ја забележа само петтата победа оваа сезона. „Црната мамба“ одигра како во најдобрите денови во кариерата и за 33 минута колку што помина на паркетот постигна 31 поен во победата над Денвер од 111-107. Втор најефикасен играч во победничкиот табор беше Кларксон со 19 поени. Кај Денвер, најмногу се истакнаа Бартон и Харис со 25, односно 21 поен.
Интересен меч одиграа и Мајами и Детроит во кој домаќините од Флорида загубија минимално со 92-93. Иако домаќинот тргна фуриозно и во првиот период имаше водство од дури 16 разлика (34-18) на крајот натпреварот беше прилично неизвесен, а шут за победа промаши Крис Бош, кој со звукот на сирената шутираше за три, но погоди го погоди само обрачот. Денвер до победата го водеше Џексон со 18 поени, додека кај „жешките“ најмногу се истакна двоецот Бош-Вејд, кој заедно постигна 39 поени (20 Бош, 19 Вејд).
На останатите две средби одиграни синоќа Мемфис очекувано славеше над Филаделфија со 104-90, додека Торонто на домашен терен го победи Далас со 103-99.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)