Игор Којиќ, синот на Кебе, а сега веќе и сопругот на Северина, имал бурен живот и пред да се ожени со пејачката. Пред врската со хрватската пејачка тој редовно се гледал со трансексуалката Наташа Маза, пренесуваат регионалните медиуми.
-Тие двајца во повеќе наврати се нашле во заедничко друштво, но пресудно беше гостувањето на Кеба на една телевизија, на кое Игор му правел друштво на неговиот татко. Кеба по гостувањето заминал дома, а Наташа и Игор заминале во кафуле во близина на телевизијата, каде испиле пијачката и размениле броеви на телефоните. Неколку дена по тоа, тие двајца биле на вечера, а потоа во апартман во близина на Калемегдан. Тие двајца најчесто излегувале на вечера по што времето го поминувале во еден хостел во центарот на Белград или пак директно се наоѓале во апартман – изјавил заеднички пријател на Наташа и малиот Кеба.
-Во заедничкото друштво нивните гледања не беа тајна. Наташа дури и јавно зборувала дека Игор е разгалено дете но енергично. Колку ми е познато, последен пат се виделе две недели пред неговата свадба и се договориле да прекинат со секаков вид на комуникација бидејќи тој станал познат на јавноста и се плашел нивната тајна врска да не биде откриена- раскажал соговорникот.
Наташа Маза имала што да каже на оваа тема.
-Ве молам да не пишувате за тоа. Не сакам да ја коментирам таа врска бидејќи Игор само што стана женет човек – кажала пејачката која е родена како маж но со операции стана жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!