Две лица се повредени во експлозија на аеродромот „Сабина Гокчен“ во Истанбул, соопшти утрово авиокомпанијата „Пегасус“, наведувајќи дека инцидентот не ги загрозил редовните полетувања и слетувања на авионите.
Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ, во делот каде што се паркирани авионите и при тоа се повредени две лица задолжени за чистење на авионите. Едниот од нив бил потешко повреден и имал повреди во главата. Засега не е позната причината за експлозијата, но веднаш по инцидентот полицијата ги засили безбедносните мерки на влезот на аеродромот.
Полицијата, исто така, врши контрола на возила во близината на аеродромот, додека хеликоптер го надлетува подрачјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.