Неодамна во Лондон на премиерата на документарниот филм на Кристијано Роналдо публиката имаше можност да ги види најважните личности во неговиот живот. Синот Кристијано Јуниор, мајка му, сестра му и секако менаџерот Жорге Мендеш.
По ова Роналдо одлучи да ги отвори вратите на раскошната куќа во Мадрид за која плати седум милиони евра во која живее со својот син.
На вратата ги има изгравирано иницијалите „ЦР“, а спалната соба му е најважен дел од куќата и е преполна со огледала.
– Ова ми е најважната соба во куќата. Тука го поминувам половина од слободно време бидејќи треба да бидам добро одморен за да можам да бидам во врвот – изјави Роналдо.
По прошетката низ објектот тој се задржа и во раскошната кујна и откри дека неговиот личен кувар е еден од најзаслужните за неговиот изглед и форма. Во дворот се наоѓа голем базен и секако мини фудбалско игралиште на кое ужива неговиот син Кристијано Јуниор.
Cristiano Ronaldo takes you on tour around his house in Madrid https://t.co/0ExAvSXuPe
— Unscriptd (@UnscriptdSport) December 22, 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)