Елиминира страв и каење, а носи заработка од милијарди долари!
Јуриј Федотов од одделението на ОН за дрога и криминал изјавил дека Исламската држава произведува и дистрибуира посебен вид на дрога која ги „претвора терористите во супер војници“.
-ИС ги присилува своите борци да ја конзумираат дрогата каптагон. Користењето на оваа дрога предизвикува исклучително насилно однесување – изјавил тој.
Неодамна саудискиот принц Абдел Мосен Бин Валид Абдулазис заедно со уште четворица Саудијци беше уапсен на аеродром во Бејрут и во таа прилика кај еден од нив се пронајдени речиси две тони пилули каптагон.
Ако се земе во предвид дека Саудиска Арабија е колевка на доктрината од која се изроди џихадизмот како и дека е еден од најважните помагачи на разни исламски терористички организации, а особено на Исламската држава, јасно е за кој му беа наменети пилулите. Саудиска Арабија е главен снабдувач на оваа дрога за терористите во Сирија.
Војната во Сирија е комплицирана мрежа на судири во кои доминираат ветераните на Ал Каеда, ирачки бунтовници, арапски џихадисти и западни волонтери.
Според бруталноста и невидени злосторства на кои секојдневно сведочиме особено се издвојуваат припадниците на таканаречената Исламска држава. Генераторот на таквите ѕверства не лежи во нивната идеологија и политичка агента туку во дрогата каптагон.
Станува збор за таблета која е достапна на подрачјето на Блискиот исток и која се произведува во Сирија. Илегалната продажба преку црниот пазар на нејзините произведувачи и дистрибутери им носи заработка од милијарди долари.
Оваа амфетаминска дрога е една од варијациите на синтетичката дрога „фенетилин“ која кај конзументите предизвикува еуфорија ги држи будни со денови и овозможува да убиваат без каење и страв.
Еден од конзументите, анонимен либански повратник од Сирија вели дека дрогата не дозволува да се спие и дека е невозможно ниту да се затворат очите.
-Имав чувство дека целиот свет е мој и дека имам моќ каква што нема никој. Тоа е неверојатно чувство. Воопшто не чувствував страв откако ќе ја земев таблетата – кажал тој.
Лекарите наведуваат дека и обичните Сиријци прават пилули кои се продаваат за 5 – 20 долари, известува Ројтерс.
Каптагон на Западот се појавил во шеесеттите години на минатиот век и им се давал на луѓето кои боледуваат од нарколепсија или депресија. Меѓутоа, голем број на држави го забраниле до осумдесеттите години на дваесеттиот век поради тоа што предизвикува силна зависност.
Западот веќе некое време шпекулира дека оваа дрога се појавила помеѓу борците на Исламската држава, а дека еден од најголемите конзументит на оваа дрога е Саудсика Арабија.
Производството на оваа дрога се зголемило по распаѓањето на инфраструктурата на Сирија и намалена контрола на границите. Оваа дрога е мошне евтина за производство и се продава за помалку од 20 долари по таблета и е ултра популарна помеѓу сиријските борци кои не се придржуваат кон исламскиот закон.
Полицаец за дроги опишал како каптаген влијае врз конзументите: „Ги тепавме но тие не чувствуваа никаква болка. Многумина од нив се смееја додека им нанесувавме тешки удари. Моравме да ги затвораме на 48 часа додека ефектот не престане за да можеме полесно да ги испрашуваме“ кажал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.