| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарите на „дизел туризам“ во Македонија

бензин

Бугарите тргнаа на „бензински туризам“ во Македонија. Причината за тоа е различната цената на горивата на бензинските станици од двете страни на границата.

Литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева, објави бугарската Нова телевизија. Притоа се посочува дека патот од Софија до Скопје е 240 километри и за да се помине просечно се потребни 15 литри дизел. ­ Доколку тргнете од Софија за Скопје за тоа ви се потребни околу 30 лева, доколку пак одите во спротивен правец ќе ви бидат доволни 15. Колку повеќе ќе го наполните резервоарот со дизел, толку поголема ќе ви биде разликата во пари.

Тоа објаснува зошто многу возачи од пограничните реони се одлучуваат да наполнат гориво во Македонија по пониски цени. Граѓаните од Ќустендил и Ѓуешево многу често полнат гориво на бензинските станици во Крива Паланка и Куманово, се посочува во веста што ја пренесува бугарскиот информативен сајт Днес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top